Истражувачите од Униврзитетот Свонси ги претвориле јаглеродот од исфрлените маски во висококвалитетни јаглеродни наноцевки со еден ѕид
Маските за еднократна употреба се кошмар за системот за рециклирање бидејќи создаваат огромни количини пластичен отпад. Но, тоа наскоро би можело да се промени. Имено, истражувачите од Институтот за безбедносни истражувања (ESRI) на Универзитетот Свонси смислиле хемиски процес кој овозможува материјалите да се рециклираат.
Скапи и барани
Накратко, тие ги претвориле фрлените маски во висококвалитетни јаглеродни наноцевки со еден ѕид (CNT). Тие потоа може да се користат за производство на различни производи, вклучително и производство на мрежни (ethernet) кабли со широкопојасен квалитет и лесни батерии за електрични автомобили и дронови.
CNT се многу барани бидејќи имаат исклучителни физиkalni својства, но се скапи кога се произведуваат во индустриски количини. Оваа студија покажува дека овие високо вредни материјали може да се izrabotat и со рециклирање на безвредните, фрлени маски.
Трошоци на енергија
Уште во април 2020 година, Кина објави дека дневно произведува 450 милиони маски; во исто време, Тајван произведе и употреби 1,3 милијарди маски за само три месеци. Вкупно, се проценува дека глобално во 2020 година се произведени 52 милијарди маски за еднократна употреба, од кои околу две милијарди завршиле во морињата и океаните.
Истражувачите ги проучувале трошоците за енергија вклучени во користењето на овој процес и заклучиле дека технологијата на производство е навистина зелена, од потрошувачката на ресурси до создавањето на нови вредности.
Кабел со добар квалитет
„Користењето на CNT во батерии наместо метали има помало влијание врз животната средина бидејќи употребата на јаглерод ја неутрализира потребата за ископување и екстракција“, велат истражувачите, цитирајќи студија објавена во списанието Carbon Letters. „Овој процес е скалабилен и одржлив за индустриска обработка, а во неговото јадро има зелена хемија“.
Мрежниот кабелот произведен со употреба на CNT беше со добар квалитет и одржуваше брзини на пренос од категорија 5 и попатно лесно ги надмина стандардите поставени за широкопојасен интернет во повеќето земји.