Неодамна Google го претстави претстави својот Pixel Watch паметен часовник, но првите тестови и рецензии не се баш позитивни. Корисниците кои го купиле часовникот веќе се жалат дека уредот има сериозен проблем со согорувањето на сликата, непопуларниот ефект „burn-in“.
Медиумите како 9to5Google објавија дека само пет дена користење на часовникот со вклучена опција Always On Display најмалку 12 часа дневно е доволно за да се „преслика“ изгледот на екранот на други прикази. Ова е посебно забележливо на униформни позадини како што е сивата.
Интересно е што кога ќе го исклучите AOD, овие духови на другите екрани исчезнуваат, но се враќаат кога ќе се прикаже нешто друго. Pixel Watch нуди AMOLED екран со густина од 320 ppi, кој има можност за зголемување на осветленоста до 1000 нита.
Google објави дека трајни промени на екранот нема да се појават на Pixel Watch и дека задржувањето на сликата е само привремена работа. Тие се убедени дека тоа не е најава за вистинско согорување на сликата и дека со текот на времето ќе исчезне од екранот, а времето на исчезнување зависи од тоа колку долго се прикажува одредена слика.
Google има алгоритам кој ја менува осветленоста на поединечните пиксели секоја минута, за да се намали задржувањето на сликата, така што повеќето нови сопственици на новиот часовник не би требало да имаат ваков тип на проблеми.
Android Wear и Wear OS нудеа заштита од burn in на екранот, што постепено ги поместува пикселите на екранот во одреден временски период, така што тоа не е забележливо за крајниот корисник. Pixel смартфони те не страдаат од широко распространетиот burn-in ефект врзан за AOD, откако функцијата беше претставена со Pixel 2 и 2 XL во 2017 година. Само за споредба, Apple Watch чекаше пет генерации (Серија 5) за да имплементира секогаш вклучен дисплеј.