Новиот наследник на моделот P50 Pocket беше сертифициран уште во август годинава, и тогаш се појавија првите фотографии од неговиот дизајн. Според новото кратко видео и објава поставени од Ричард Ју, Извршен директор на Huawei, Pocket S ќе се нуди во голем број многу светли бои, вклучувајќи розова, зелена, сина и жолта.
Се претпоставува дека Huawei Pocket S ќе го покренува Snapdragon 888 4G, иако постојат шанси Huawei да се одлучи за Snapdragon 778G поради помало загревање, или да ги понуди двете верзии, пишува GSM Arena.
Тоа значи дека новиот модел би можел да се најде и на нашиот пазар кон крајот на оваа и на почетокот на следната година, а производителите се почесто се одлучуваат на некој начин да ги истакнат своите модели на преклопување. Во случајот на Huawei Pocket S – посветли бои и малку поинаков дизајн. Она што е видливо од фотографиите е дека Huawei ќе продолжи со препознатливиот кружен дизајн на модулот на камерата, како и дека новиот смартфон делува многу тенко.