Samsung Galaxy S23 Ultra постигна 1.521 поени во еднојадрениот и дури 4.689 бодови во повеќејадрениот Geekbench тест. Ова се значителни подобрувања во споредба со S22 Ultra.
На популарната бенчмарк платформа, Geekbench се појавија резултатите од сè уште непретставениот Samsung Galaxy S23 Ultra (SM-S918U), наводно покренуван од претстојниот Snapdragon 8 Gen 2 чипсет на Qualcomm.
Имено, Galaxy S23 Ultra освои 1.521 поени во еднојадрениот и дури 4.689 поени во повеќејадрен тест, што е значително повеќе од неговиот претходник. Поконкретно, Galaxy S22 Ultra постигнува околу 1.200 поени на тестот со едно јадро, додека околу 3.200 на тестот со повеќе јадра.
Благодарение на овој тест, беше откриено дека Ultra моделот ќе доаѓа со најмалку 8 GB RAM, но се очекува дека тоа ќе биде почетната верзија и дека Samsung ќе им понуди на клиентите конфигурација до 12 GB RAM и најмалку 512 GB простор за складирање. Од софтверска страна, Galaxy S23 Ultra ќе доаѓа со Android 13 и One UI 5.0 интерфејс, пишува GSM Arena.
За потсетување, Samsung летово потврди дека Galaxy S23 ќе користи камера сензор од 200 мегапиксели. Треба да има и 6,8-инчен Dynamic AMOLED QHD+ 120 Hz дисплеј, поддршка за брзо полнење од 45 вати и батерија од 5.000 mAh. Иако се шпекулира дека Samsung го напуштил Exynos на своите флегшип модели, засега не е сигурно дали S23 серијата ќе доаѓа исклучиво во Snapdragon варијанта.