Претстојниот Mac Pro компјутер ќе го покренуваат се уште непретставените M2 Ultra и M2 Extreme чипови, кои наводно ќе доаѓаат со до 48 процесорски и до 152 графички јадра.
Идниот Mac Pro, наводно ќе доаѓа со чипсети кои се два до четири пати помоќни од сè уште ненајавениот M2 Max. Да потсетиме, според претходните гласини, M2 Max би требало да има 12 CPU и 38 GPU јадра, така што новиот Apple компјутер ќе биде најмоќниот досега.
Според известувачот на Bloomberg и аналитичар на Apple, Марк Гурман, станува збор за чипсет со сè уште непотврдени имиња M2 Ultra и M2 Extreme, кои ќе имаат 24 и 48 CPU јадра, соодветно 76 и 152 GPU јадра, со до 256 GB RAM меморија.
Во најновото издание на неговиот билтен Power On, Гурман откри и која конфигурација на претстојниот Mac Pro компјутер Apple моментално ја тестира.
„Можам да споделам една Mac Pro конфигурација која активно се тестира во Apple: 24 јадра процесорски јадра (16P+8E), 76 графички јадра и 192 GB RAM. Тоа е компјутер кој работи со macOS Ventura 13.3. Инаку, Ventura 13.0, првата верзија на новиот macOS е достапен за преземање од вчера.
Засега не се знае кога Apple ќе го претстави новиот Mac Pro, но се шпекулира дека тоа би можело да се случи веќе следната година.