Апликацијата Camera Assistant има за цел да понуди напредни функции додека се користи камерата на телефонот.
Компанијата Samsung вчера ја објави новата апликација која секако многу ќе им значи на љубителите на фотографијата. Новата апликација на Samsung го носи името Camera Assistant и е наменета за Samsung Galaxy уредите. Се работи всушност за дел од апликацијата Good Lock, која нуди различни функции.
Camera Assistant има за цел да понуди напредни функции додека се користи камерата на телефонот. Се наведува дека апликацијата ќе понуди многу опции за прилагодување во апликацијата на камерата.
Така, оваа апликација на им нуди на корисниците можност да го овозможат или оневозможат автоматскиот HDR. Една од корисните карактеристики е и можноста за снимање видео дури и кога се користи режимот на работа за фотографии.
Една од најважните функции што доаѓа во оваа апликација е Quick Shot, која овозможува да се намали заматувањето на фотографиите. Дополнително, има и други корисни опции, кои ќе бидат добредојдени за корисниците на Galaxy уредите, како што е опцијата за подобро снимање на субјекти кои брзо се движат, како омашните миленици итн.
Меѓутоа, Samsung изјави дека квалитетот на фотографиите би можел да биде блао намален при користење на оваа функција.
Да потсетиме дека минатата недела Samsung објави дека Good Lock апликацијата ќе добие многу подобрувања, а едно од нив е и Camera Assistant. Покрај тоа, Samsung истакна дека ќе додаде нови функции на Good Lock модулите како Quick Star, Nav Star, Home Up и ClockFace. Се наведува и дека функцијата Quick Star ќе добие подобрувања, NavStar наскоро ќе има прилагодливо копче на лентата со задачи, Home Up добива нови функции за делење, додека Clock Face ќе нуди поддршка за таблет уреди.
Новата функција на Good Lock ќе биде и за делење на поставките и персонализираните елементи на интерфејсот со пријателите и другите уреди.