Една неодамнешна студија спроведена во САД покажа дека децата кои играат видео-игри имаат подобра меморија и моторички способности во споредба со децата кои не играат видео игри.
Истражувањето чиј фокус е мозокот на адолесцентите го даде овој резултат, но видео-игрите не мора да ја означуваат таа разлика, ниту пак студијата може да ги открие точните причини, но забележливо е дека децата кои играат видео-игри имаче подобри резултати во тестовите за меморија и способност во однос на оние деца кои не играат.
Наводно, видео-игрите придонесуваат децата преку нив подобро да се справуваат со когнитивните проблеми.
Нора Волков, директорка на Националниот институт за злоупотреба на дроги, наведе дека оваа студијата придонесува за астечкото разбирање за врската помеѓу игрите и развојот на мозокот.
Студијата користела податоци од истражувањето за когнитивен развој на мозокот на адолесцентите (ABCD), кое беше лансирано во 2018 година и го следи развојот на мозокот кај илјадници деца во Соединетите американски држави.
Учесниците, односно децата, повремено поминуваат низ низа проценки, вклучувајќи снимање на мозокот, когнитивни задачи, прегледи за менталното и физичкото здравје и други тестови.
Вклучувајќи податоци за 2.217 деца на возраст меѓу 9 и 10 години, студијата ги испитуваше учесниците колку часови играат видео-игри и ги подели учесниците во две групи – гејмери и неиграчи. Потоа, беа прегледани оценките кои го мерат вниманието, контролата на импулсот и меморијата.
На крајот, студијата покажа дека оние деца кои играле видео-игри имале значително подобри резултати на тестовите. Овие деца имале подобро внимание и меморија на тестовите, но во однос на менталното здравје немало разлика.