Препознатливи гуми за џвакање, лижавчиња и бонбони од Луанда за цела Африка.
Фабриката за слатки производи Candy Factory е свечено отворена во Луанда, во Специјалната економска зона. Косопственик на фабриката е компанијата Нелт ЛДА, членка на српската Нелт Група од Белград.
На официјалниот настан присуствуваа голем број видни личности од Ангола и Европа, меѓу кои и министерот за индустрија и трговија Виктор Фернандес, кој заедно со косопствениците симболично ја пресече лентата на новата фабрика.
„Инвестициите во новата фабрика се над 20 милиони евра. Во моментов вработуваме 90 работници, а очекувам за две години таа бројка да се искачи на преку 150 вработени. Со производствен капацитет од 6.700 тони годишно, дневното производство брзо ќе надмине 15 тони бонбони, лижавчиња и гуми за џвакање“, изјави Борис Мачак, извршен потпретседател на Нелт Група за африканскиот пазар.
Нелт Група се стреми да имплементира иновации и модерни технологии на сите африкански пазари каде што работи, со цел да постигне врвен квалитет на услугите и во работњето.
„Candy Factory има амбиција да биде национално и регионално препознаена како компанија која произведува анголски брендови. Верувам дека силно ќе влијаеме на растот на категоријата бонбони, лижавчиња и гуми за џвакање, и дека наскоро ќе ја преземеме водечката улога во оваа категорија со 20% удел на пазарот“, објави Милена Киселички, директор за операции и развој на Candy Factory.
Нелт во соработка со локалната партнерска компанија Oxbow и со сесрдна помош од Владата и развојните агенции на Ангола, го реализираа овој гринфилд проект во рок од три години.
Нелт Група е присутна на пазарот во Ангола, Замбија и Мозамбик, каде што вработува над 500 луѓе. Се занимава со дистрибуција на своите брендови Неопланта и Фабрика за детска храна и производи на глобално признаени корпорации, како што се P&G, Mars, Nestle, Colgate, Heineken, SC Johnson, Dr. Oetker, Ferrero, Beiersdorf и други.
На глобално ниво Нелт Група се состои од 18 компании кои работат на 12 пазари во Европа и Африка, со 4.500 вработени и годишен обрт од преку една милијарда евра. Во Северна Македонија Нелт СТ е присутна 24 години. Со своите 216 вработени, 6.500м2 магацински простор и 3.400 артикли во својата палета на продажба, од своето основање до денес Нелт СТ претставува синоним за деловна извонредност во областа на дистрибуцијата.