Apple официјално потврди дека Phone уредите ќе се префрлат на користење на универзалниот USB-C приклучок.
Компанијата ја даде својата најдиректна потврда дека ќе користи USB Type-C приклучок во своите паметни телефони откако ЕУ го усвои новиот закон за универзален полнач на мобилните уреди. Шефот за маркетинг во Apple, Грег Џозвијак изјави дека Lightning приклучокот ќе биде заменет со USB-C порт, иако компанијата не е среќна поради тоа.
Потпретседателот за софтвер, Крег Федериги, исто така се огласи на темата, но ниту еден од овие официјални лица не откри кога всушност ќе се случи промената. Тие истакнаа дека „Европејците го диктираат времето кога станува збор за клиентите во Европа“. Џозвијак одби да одговори дали компанијата ќе го испорачува конекторот надвор од ЕУ, но се чини дека нема.
Тој истакна дека Apple претпочита да им верува на своите инженери, наместо да ги почитува стандардите на законодавците и да усвојува хардвер од трети страни. Тој дури го спомена и MicroUSB велејќи дека Apple е принуден да исполни неразумните барања.
Apple’s Craig Federighi and Greg Joswiak (@gregjoz) join @JoannaStern at #WSJTechLive to discuss products, privacy and power at the tech giant https://t.co/fNo2JGwMB4 https://t.co/aGrTlZrUo4
— The Wall Street Journal (@WSJ) October 26, 2022
Тој додаде дека одвојливите кабли го решиле проблемот со стандардизацијата и дека префрлањето на USB-C ќе создаде многу електронски отпад, бидејќи луѓето ќе бидат принудени да купуваат нови и да ги фрлаат старите кабли.