Google неодамна ја претстави својата нова серија на паметни телефони Pixel 7, која вклучува два модели Pixel 7 и Pixel 7 Pro. Сепак, новите гласини сугерираат дека компанијата можеби тајно развива нов паметен телефон од високата класа, кој ќе биде дел од линијата Pixel 7.
Pixel 7 го носи кодното име P10 (Panther), а Pixel 7 Pro е со кодно име C10 (Cheetah). Новиот флегшип уред е со кодно име G10. Овој смартфон може да понуди дисплеј со фреквенција од 120 херци, резолуција од 1440 x 3120 пиксели и димензии од 71 x 155 мм. Информациите велат дека панелот ќе биде произведен од компанијата BOE.
За споредба, Google традиционално користи панели од Samsung. Други индикации се дека телефонот ќе има форма слична на Pixel 7 Pro. Секако, постои можност G10 да е само прототип за следната генерација на Pixel паметни телефони.