Речиси три месеци по своето деби во Кина, преклопниот смартфон Moto Razr 2022 конечно пристигна на европските пазари.
Станува збор за преклопен уред со шарка, кој се напојува со Snapdragon 8+ Gen 1 процесор поврзан со 8 GB RAM и 256 GB внатрешна меморија, а цената изнесува 1.200 евра. Motorola не објави кога ќе започне продажбата, но се очекува наскоро. Интересно, Moto Razr 2022 ќе биде достапен само во сатен црна боја.
Уредот поседува 6,7-инчен OLED екран со FHD+ резолуција и стапка на освежување од 144Hz. За разлика од претходните модели на Razr, новиот смартфон има редизајниран механизам на шарка, додека брадата исчезна. Исто така, има и надворешен OLED екран од 2,7 инчи кој овозможува пристап до повеќето функции на телефонот без да мора да го отворите уредот и да го користите главниот екран.
Смартфонот има главна камера од 50 MP со оптичка стабилизација на сликата и ултраширока камера од 13 MP. За селфи фотографиите се задолжени двете главни камери, но и со камерата од 32 MP сместена во отворот на главниот екран. Се чини дека смартфонот ќе биде достапен само во конфигурација со 8 GB RAM и 256 GB простор за складирање, бидејќи верзијата со конфигурации од 8/128 GB и 12/512 GB нема да биде достапна, барем не на стартот.
Moto Razr 2022 е опремен со стерео звучници со Dolby Atmos технологија, има слот за eSIM + физичка SIM и батерија од 3.500 mAh која поддржува полнење од 30 W. Уредот е водоотпорен според IP52 стандардот. Во однос на софтверот, работи со Android 12 со MyUX интерфејс.