Астероид со пречник меѓу 304 и 740 метри наскоро ќе мине покрај Земјата.
Минувањето на астероидот се очекува на 1 ноември, а само за споредба Светскиот трговски центар е висок 546 метри, додека висината на Бурџ Калифа е 828 метри.
Астероидот е откриен на 12 септември годинава, со помош на Pen-STARRS2 телескопот што се наоѓа на Хаваи. Со помош на неговите опсервации, како и со учество на научници од Универзитетот Аризона, во октомври е установена неговата патека на движење.
Астероидот доби ознака 2022 PM4 и патува кон Земјата, но не претставува закана. Се движи со брзина од 83.761 км/час и на 1 ноември ќе мине покрај Земјата, на оддалеченост од 2.297.822 километри.
Станува збор за астероид кој е релативно близу нашата планета, но шансите за судир се многу мали.
No danger, but newly-discovered asteroid 2022 RM4 will pass less than 6 lunar distances on November 1. Possibly as wide as 740 meters, it will brighten to mag 14.3, well within reach of backyard telescopes. @unistellar
This is very close for an asteroid this size. #2022RM4 pic.twitter.com/Z8khblg3Gq— Tony Dunn (@tony873004) October 5, 2022
Ако од која било причина овој астероид ја погоди Земјата (шансите се 1:100.000 години зависно од големината на астероидот), ефектот би зависел од неговата големина, брзина и агол на удар. Кога ваков астероид би се судрил со Земјата, штетата би била значителна.
Ударот од астероид со пречник од 740 метри би бил еднаков на сила на 30.000 мегатони ТНТ. Би се создал кратер со големина од 10 километри, длабочина околу 600 метри, а како резултат би имало и земјотрес со јачина од 7,6 степени по Рихтер.