Motorola минатата година беше првиот производител што објави смартфон со Snapdragon 8 Gen 1 чип. Гласините сугерираат дека слично ќе биде и оваа година.
Најавата за телефонот Moto X40 се очекува наскоро, се вели во соопштението на Чен Џин, генерален менаџер на мобилниот бизнис на Lenovo Кина.
Џин во објава на Weibo го потврдува постоењето на моделот Moto X40. Исто така, се чини дека Motorola го отфрли брендот Edge за своите телефони објавени во Кина, така што наследникот на Edge X30 едноставно ќе се вика Moto X40.
Премиум телефонот би требало да биде претставен пред крајот на оваа година. Moto X40 би требало да биде достапен и на глобално ниво, а најверојатно ќе биде преименуван во Motorola Edge 40 Pro на пазарите надвор од Кина.
Имајќи предвид дека Edge 30 Pro беше лансиран на глобално ниво во март 2022 година, се претпоставува дека Edge 40 Pro ќе дебитира во март следната година.
Извештаите споменуваат дека Moto X40 треба да има OLED панел, со стапка на освежување од 165 Hz. Ќе се напојува од гореспоменатиот Snapdragon 8 Gen 2, заедно со 8GB/12GB RAM.
Во однос на камерите, телефонот треба да има главен сензор од 50 MP, кој може да се користи и како макро камера, како и телефото сензор од 12 MP.