Сигурно е дека Samsung Galaxy S22 моделите се меѓу најдобрите кога станува збор за перформансите на камерата. Минатата година, Samsung ја претстави апликацијата Expert RAW за љубителите на фотографијата и оваа апликација сега добива два нови режими – Astrophoto и Multiple Exposure.
Galaxy S22 уредите имаат одлични камери и стандардната апликација Камера на овие телефони треба да биде доволна за просечниот корисник. Но, ентузијастите и љубителите на фотографијата сакаат уште повеќе. Само за нив, Samsung ја креираше апликацијата Expert RAW, која сега добива нови функции за оние кои го надградиле својот Galaxy S22 на One UI 5.0 базиран на Android 13.
Astrophoto првпат беше претставен од Google во 2019 година и оваа функција овозможува да се снимаат фотографии од ноќното небо. Иако Galaxy S22 моделите имаат ноќен режим, тоа не е доволно за детални фотографии од небото во текот на ноќта, поради што Samsung ја воведе функцијата Astrophoto во апликацијата Expert RAW.
Дополнително, надградбата ја носи и функцијата за повеќекратна експозиција, што овозможува комбинирање на повеќе фотографии во една.
Потсетуваме дека пред само неколку дена Samsung ја претстави новата апликација Camera Assistant која е дел од апликацијата Goog Lock. Оваа апликација има за цел да понуди напредни функции додека се користи камерата на смартфонот. Таа им нуди на корисниците можност да овозможат или оневозможат автоматски HDR режим. Една од најважните карактеристики е можноста за снимање видео дури и кога се користите режимот за фотографии.
Една од најважните функции што доаѓа во оваа апликација е Quick Shot, која овозможува да се намалите заматувањето на фотографиите.
Samsung ја претстави апликацијата Camera Assistant за понапредни функции на камерата