Во декември, компанијата vivo очекуваме да ја претстави својата нова флегшип серија на паметни телефони X90. Линијата најверојтно ќе содржи три модели – X90, X90 Pro и X90 Pro+.
Двете Pro варијанти ќе користат Snapdragon 8 Gen 2 чипсет, заедно со врвни камери. Сепак, сега имаме и податоци за основниот модел во серијата. Vivo X90 ќе го користи Dimensity 9200 чипсетопт и ќе поддржува брзо полнење до 120W.
Уредот ќе нуди и IP сертификација и екран со резолуција од 1220p. Vivo X90 може да има и батерија со поголем капацитет до 4700 mAh, која ќе содржи две ќелии.