Меѓународната вселенска станица повторно мораше да ги активира своите потисници оваа недела за да избегнува руски вселенски отпад.
ISS ги активираше потисниците во период од пет минути и пет секунди за да го изведе маневарот за избегнување на однапред утврдени остатоци, соопшти американската вселенска агенција NASA.
Маневрот беше изведен на 24 октомври и е последен во низата случаи кога МВС мораше да го избегне сè поголемото количество вселенски отпад во орбитата. Овој проблем се влоши минатата година кога Русија разнесе еден од своите нефункционални сателити за време на тестирање на оружје.
NASA соопшти дека МВС ја сменила висината за 322 метри на 1,3 километри, а без овој маневар, рускиот вселеснки отпад ќе дојдел на оддалеченост од 4,8 километри од МВС.
Маневрот е изведен поради фрагменти од рускиот сателит Космос 1408 кој беше уништен во ноември 2021 година, а НАСА тврди дека тогаш биле создадени 1.500 фрагменти. Потоа, САД го осудија тестот за оружје поради драматичното зголемување на вселенскиот отпад и Кеслеровиот синдром. Станува збор за тоа дека, кога малите парчиња отпад се судираат едни со други, се создаваат уште повеќе фрагменти и се зголемува можноста за нови судири.
Русија не е единствената критикувана, бидејќи на удар е и Кина, чие јадро на ракетата Long March 5 стана опасен вселенски отпад што може да падне на населено место.
SpaceX исто така беше критикуван од астрономската заедница за неговата мега констелација на сателити.
NASA е многу внимателна и прави маневри за да нема ризик од судир. Маневрите исто така се прекинуваат кога има 1:100.000 шанси мало парче вселенски отпад да ја погоди МВС. Американското Министерство за одбрана и НАСА го следат и класифицираат вселенскиот отпад користејќи ги нивните глобални сензори на мрежата за надзор на вселената.
Вселенскиот отпад станува голем проблем, а податоците на NASA покажуваат дека во орбитата има околу 25.000 фрагменти поголеми од 10 cm и околу 500.000 фрагменти со големина меѓу 1 и 10 cm. Овие фрагменти патуваат во орбитата со брзина на куршум.
NASA вели дека МВС треба да може да издржи удар од фрагмент од 1 сантиметар. МВС обично се преместува еднаш годишно за да избегне вселенски отпад, но тој број веројатно ќе се зголеми во наредните години бидејќи проблемот со вселенскиот отпад продолжува да расте. МВС ги активираше погоните и во јуни оваа година.
Во последниве години, NASA се потпираше на Русија кога станува збор за заобиколувачки маневри, но од јуни оваа година може да го користи роботското товарно возило Cygnus за ова.