Замислете да можете да одите со брзина со која вообичаено џогирате. Тоа сега е возможно, бидејќи тука се обувките Moonwalker, кои му овозможуваат на корисникот да оди со брзина од 11,2 км/ч.
Инженери по роботика ги претставија најбрзите чевли во светот, обувки дизајнирани со осум тркала кои ја зголемуваат брзината на одење за дури 250 проценти.
Креатор на новите обувки е Moonwalker, а функционира така што всушност се врзуваат околу вашите чевли или патики и ве придвижуваат напред користејќи мали електрични мотори кои ги покренуваат тркала со тегови, имитирајќи на некој начин лизгалки.
Станува збор за иновација на тим инженери за роботика од Shift Robotics, кои дошле на идеја кога основачот на компанијата, Јунхие Јанг, за време на едно од неговите патувања на работа, решил всушност да го подобри одењето, а не да го замени со нешто друго. Дотогаш одел на работа со скутер, а тој ден за малку ќе го удрил автомобил.
Тогаш почнав да се прашувам зошто никогаш не пешачев тие 30 минути. Не само што е безбедно патување, туку е и дел од она што сме. Затоа тргнав во мисија да го подобрам одењето наместо да го заменам, рече Џанг.
Moonwalker обувките ја зголемуваат брзината на одење од просечни 4,8 километри на час на 11,2 километри на час. Тајната на обувките Moonwalker се уникатните алгоритми за машинско учење кои се прилагодуваат на одењето на корисникот.
Сепак, цената на еден пар од најбрзите чевли во светот изнесува значителни 1399 долари, а проектот се наоѓа и на Kickstarter, каде што веќе ги собра целните средства од 90.000 долари.
Жанг го искористи своето искуство како инженер за погон на млазен мотор и ги помина последните четири години обидувајќи се да најде начин да ја зголеми брзината на одење, потпирајќи се на инженеринг на човечкото тело.
Жанг и неговиот тим развија контролер на мотор по нарачка, прецизен менувач и ефикасна батерија. Сите овие делови се намалени на помали димензии и вградени во обувките. Чевлите Moonwalker се напојуваат од батериски ќелии кои целосно се полнат за час и половина и даваат опсег од околу десет километри.