Се очекува дека iPhone 15 серијата ќе добие полеми надградби, вклучително и префрлање од Lightning портот на USB-C од 2024 година.
Според новите извештаи, iPhone 15 се очекува да добие одредени поголеми хардверски надградби, вклучително и зголемување на количината на достапна меморија. Па така, се верува дека iPhone 15 Pro најверојатно ќе добие 8GB RAM меморија, во однос на сегашните 6GB кај актуелните Pro модели.
Моделот Pro Max би требало да има и перископ камера, иако засега не е познато дали истата функција ќе биде достапна и за 6,1-инчниот Pro модел.
Во извештајот се истакнува дека Apple ќе ја задржи линијата со четири нови модели, кои ќе користат два различни процесори за да продолжи разликувањето помеѓу стандардните и премиум моделите на iPhone.
Се очекува iPhone 15 линијата да биде објавена во септември 2023 година.