Лендерот InSight на американската вселенска агенција NASA запиша уште едно големо откритие.
Научниците открија дека потресот, кој на Марс го детектирал InSight во регионот Amazonis Planitia, всушност е резултат на удар на метеор. Ова се случило на 24 декември 2021 година и претставува првпат мисија да биде сведок на формирање на кратер на Црвената планета. Научниците го открија ова кога ги прегледале фотографиите направени од Mars Reconnaissance Orbiter (MRO), кои покажале кратер со дијаметар од 150 метри.
Се верува дека метеорот бил долг помеѓу 5 и 12 метри и длабок нешто повеќе од 20 метри. При ударот, метеорот фрлил остатоци во радиус од 37 километри. Ударот откри и подземен мраз што никогаш не е виден толку блиску до екваторот на Марс. Аудио адаптација на податоците на InSight покажува колку силен ударот бил во споредба со „редовната активност“ на Марс.
За потврда на овој настан беше потребно одредено време. Тимот на Malin Space Science Systems ги искористи двете камери на MRO за да го погледне кратерот во февруари, а сликите од камерата во боја помогнаа да се намали ударот на 24-часовен период.
Покрај тоа, групата сугерираше дека 20 од околу 1.300 откриени земјотреси на Марс би можеле да бидат знак на магма. Спектралниот знак на земјотресот укажува на релативно мека кора во регионот Cerberus Fossae на Марс. Во комбинација со темната прашина, ова сугерира дека вулканска активност можеби се случила на планетата во последните 50.000 години.
Откритието би можело да им помогне на научниците подобро да ја разберат геолошката временска рамка на Марс со дефинирање на брзината со која кратерите се појавуваат на планетата. Тоа би можело да биде важно и за колонистите и истражувачите на Марс на кои можеби им треба подземен мраз за опстанок и ракетно гориво. Благодарение на ова, луѓето би можеле да носат помалку залихи или да го продолжат престојот на Црвената планета.
Сепак, има и лоши вести, бидејќи NASA нешто претходно предупреди дека на InSight не му останува уште многу време. Исклучувањето на лендерот се очекува во следните шест недели бидејќи насобраната прашина ја ограничува ефикасноста на соларните панели. Поради тоа, откривањето на ударот на метеорот би можело да биде последното големо достигнување на InSight.