Xiaomi ја претстави во Кина својата нова серија Redmi Note 12, која вклучува четири модели – Redmi Note 12, 12 Pro, 12 Pro+ и 12 Discovery Edition.
Redmi Note 12 Pro и 12 Pro+
Двете Pro варијанти имаат речиси идентични спецификации, односно OLED екран со дијагонала од 6,67 инчи, Full HD+ резолуција и брзина на освежување од 120 херци. Pro моделите се базираат на чипсетот Dimensity 1080 во комбинација со до 12 GB RAM и 256 GB простор за складирање што не може да се прошири. Redmi Note 12 Pro+ е првиот Redmi модел со камера сензор од 200MP, кој во овој случај е Samsung ISCOELL HPX. Со него е можно стандардно да се прават фотографии од 12,5 MP, но и во 50MP и 200MP. Поддржано е снимање видео во 4K резолуција, ограничувањето на 8K e поради чипсетот.
Redmi Note 12 Pro се одликува со Sony IMX766 сензор од 50 MP со оптичка стабилизација. Дополнително, двата телефони имаат уште ултраширока камера од 8MP и сензор од 2MP за боке ефекти. За селфи фотографиите е задолжена селфи камерара од 16 MP.
Новите моделите имаат и батерија со капацитет од 5000 mAh и полнење до 67, односно 120 вати, а уредите работат на Android 12 со MIUI 13 интерфејс. Телефоните имаат и приклучок за слушалки.
Redmi Note 12 Pro доаѓа во бела, црна, розова градиент и сина боја. Цените се движат од 236 евра до 305 евра во зависност од конфигурацијата на меморијата. Redmi Note 12 Pro+ го има и Yibo Edition наместо градиент опцијата , а цените се движат од 305 евра до 333 евра).
Redmi Note 12
Стандардниот Redmi Note 12 модел од серијата има ист екран и батерија како и Pro верзиите Pro, но со полнење до 33W. Тука главната камера вклучува сензор од 48 MP и 2MP за бока ефекти, со сензор од 8MP за селфи фотографии
Телефонот користи чипсет Snapdragon 4 Gen 1 со до 8 GB RAM и 256 GB простор за складирање. Уредот ќе биде достапен во црна, бела и сина боја со цени кои ќе се движат од 166 евра до 236 евра.
Redmi Note 12 Discovery Edition
Времето на полнење на батериите на паметните телефони постојано се намалува, а новиот модел на Xiaomi наречен Redmi Note 12 Discovery Edition се полни за само девет минути. Она што го издвојува Redmi Note 12 Discovery Edition е неговата технологија HyperCharge од 210 W, која е контролирана од три чипови за брзо полнење од 100 W. Благодарение на оваа технологија, батеријата од 4.300 mAh целосно се полни за само 9 минути. Претходната 120W HyperCharge на Xiaomi и технологијата 150 SuperVOOC на Oppo овозможија полнење на батеријата од 4.500 mAh за 15 минути.
Redmi Note 12 Discovery Edition го означува дебито на процесорот од средна класа Dimensity 1080. Смартфонот има 6,67-инчен OLED екран со резолуција од 2.400 x 1.080 пиксели и брзина на освежување од 120 Hz, на задната страна е главна камера од 200 MP со новиот HPX сензор на Samsung и слики за оптичка стабилизација, ултра-широка камера од 8 MP и макро камера од 2 MP, додека селфи камерата од 16 MP се наоѓа напред. Уредот има два слота за SIM, два звучника, 3,5 милиметарски приклучок за слушалки, странично поставен сензор за отпечатоци, NFC и IR, а го користи оперативниот систем Android 12.