Новиот материјал може да се направи на собна температура и да се користи во услови кога уредите или нивните делови мора да издржат топлина, киселина, алкалност или влага.
Научниците од Универзитетот во Чикаго открија начин да создадат материјал кој може да се направи како пластика, но спроведува струја повеќе како метал. Истражувањето објавено во списанието Nature, покажува како да се направи тип на материјал во кој молекуларните фрагменти се измешани и неуредни, но сепак можат исклучително добро да спроведуваат електрична енергија.
Нова класа материјали
Ова е спротивно на сите познати правила за спроводливост, но откритието може да се покаже и исклучително корисно. Се работи за нова класа материјали кои спроведуваат струја, лесно се обликуваат и се многу робусни во секојдневни услови.
Ако изработувате било каков електронски уред, од iPhone, преку соларни панели, до телевизор, ви требаат спроводливи материјали, без разлика дали се тоа метали како бакар, злато и алуминиум или проводници направени од органски материјали. Овие материјали се пофлексибилни и полесни за работа од конвенционалните метали, но тие не се особено стабилни и може да ја изгубат спроводливоста кога се изложени на влага или високи температури.
Проводлив и стабилен
Научниците од Чикаго почнаа да ги истражуваат претходно игнорираните материјали, па ги нанижаа атомите на никел како бисери во серија молекуларни топки направени од јаглерод и сулфур. Се покажа дека овој материјал лесно и силно спроведува струја и исто така е многу стабилен. Го загревале, ладеле, го изложиле на воздух и влага, го полевале со киселина, но со материјалот со нарушена молекуларна структура ништо не се случило.
На истражувачите не им било јасно како овој материјал може да спроведе струја. По низа тестови, симулации и теоретска работа, тие заклучиле дека материјалот формира слоеви, како листови од лазања. Откритието сугерира фундаментално нов принцип на дизајн на електронската технологија, велат тие.
Intrinsic glassy-metallic transport in an amorphous coordination polymer https://t.co/fGfRabCYG0 @nature pic.twitter.com/NzIEtLSe3E
— Bloodsucking Parasites (@bloodSparasites) October 26, 2022
Новиот материјал може да се направи на собна температура и да се користи во услови кога уредите или нивните делови мора да издржат топлина, киселина, алкалност или влага. Истражувачите веруваат дека можат да го направат во 2D или 3D форма, да го направат порозен или да му наменат други функции.