Короналните дупки во горниот слој на сончевата атмосфера формираа навистина интересен облик.
Може да се каже дека Сонцето беше прилично расположено неделава, или барем така делува според сликите што ги објави американската вселенска агенција NASA.
NASA интересната фотографија ја сподели со светот преку својот профил на Twitter задолжен за пратење на Сонцето, а како што е објавено во твитот, овој „насмеан“ лик е резултат на набљудувањето на Сонцето во улктравиолетова светлина и коронални дупки, односно региони со помала густина на плазма во горните слоеви на сончевата атмосфера, од кои во вселената излегуваат сончеви ветрови.
Say cheese! 📸
Today, NASA’s Solar Dynamics Observatory caught the Sun "smiling." Seen in ultraviolet light, these dark patches on the Sun are known as coronal holes and are regions where fast solar wind gushes out into space. pic.twitter.com/hVRXaN7Z31
— NASA Sun, Space & Scream 🎃 (@NASASun) October 26, 2022
Како и да е, иако овие формирани облици нам ни делуваат интересно, короналните дупки воопшто не се безопасни. Како што неведува SpaceWeather, Сонцето низ нив исфрла тројно повеќе млаз сончеви ветрови директно кон Земјата, што уште в сабота би можело да предизвика аурора бореалис видлива од повисоките географски ширини на нашата планета.
Фотографијата ја сликал сателитот Solar Dynamics Observatory кој се наоѓа во земјината орбита и чии што сензори се насочени кон Сонцето за да направат разни мерења на нашата ѕвезда и нејзината сончева активност. Една од целите на мисијата е да се види како се генерира и структуира магнетното поле на Сонцето и како тоа влијае врз животот на Земјата и на нашите телекомуникациски системи.