Новата NFT интеграција се однесува на прикажување на прегледи на NFT уметнички дела кога се споделуваат како линкови. Таа треба да биде достапна за сите корисници без разлика дали се претплатници на Twitter Blue или не.
Оваа експериментална функција наречена „NFT Tweet Tile“ прикажува голема фотографија од дигитално уметничко дело, заедно со неговиот наслов и креаторот, а моментно се тестира со одредени корисници.
Доаѓа со копче што ги носи корисниците до листа на дигиталниот пазар, каде може да се купи или продаде дигитална уметност, под услов да се од еден од партнерските пазари (Rarible, Dapper Labs, Magic Eden, Jump.trade).
Претплатниците на Twitter Blue веќе можеа да прикажуваат NFT во прилагоден приказ на профилот, додека новата функција би требала на сите да им пружи можност да ги презентираат своите NFT уметнички дела.
„Ќе биде интересно да се види дали Twitter уште повеќе ќе се потпре на Web3 и крипто под новиот Извршен директор Елон Маск“, заклучува Social Media Today.
Now testing: NFT Tweet Tiles 🚀
Some links to NFTs on @rarible, @MagicEden, @dapperlabs and @Jumptradenft will now show you a larger picture of the NFT alongside details like the title and creator. One more step in our journey to let developers impact the Tweet experience. pic.twitter.com/AkBisciB1i
— Twitter Dev (@TwitterDev) October 27, 2022