WhatsApp планира да додаде повеќе функционалности на своите алатки, преку функцијата за замаглување на фотографии, која сега е во бета тестирање.
Платформата за пораки, која е во сопственост на Meta, веќе има некои алатки за додавање налепници, сечење фотографии и друго за мобилните, како и за корисниците на десктоп.
WABetaInfo открива дека WhatsApp тестира алатка за заматување на фотографии наречена „image blur“ како дел од бета верзијата за десктоп. Споменатата алатка ќе им овозможи на корисниците да заматат фотографија или дел од фотографијата пред да ја испратат на друго лице.
Опцијата за замаглување ќе им овозможи на корисниците безбедно да испратат фотографија или видео, едноставно со криење чувствителни информации. Исто така, ова нема да бара употреба на надворешни апликации за обработка на содржината.
Функцијата претходно беше тестирана од корисниците на Android, па се очекува наскоро да пристигне во стабилна форма за корисниците на Android, iOS и десктоп WhatsApp.