Оригиналната верзија е претставена уште во 1970 година, а модерната верзија ќе биде претставена во 2025 година.
Јапонија е позната како земја која има генијални пронајдоци, но и такви кои не му се баш јасни на остатокот од светот. Еден таков, наречен Project Usoyaro, веројатно би можел да се смести во категоријата на најнеобичните што сме ги виделе досега.
Имено, уште во 1970 година, Sanyo Electronics на Osaka Expo претстави ултразвучна када која го чистеше и масираше корисникот во текот на 15-минутен циклус. Тоа беше еден вид автоматска када.
70年度の万博に登場した、三洋電機の人間洗濯機・・・そして・・・あれから50年、再び、人間洗濯機登場、またまた万博で登場の人間洗濯機は、三洋電機ではなくて、ミラブルでお馴染みのサイエンスから登場・・・ pic.twitter.com/cuOPvO3LHx
— 📺 🆂🅺🅼(Showa Kutchan Musen )📻 (@Call_JO3MAZ) October 15, 2022
Друга јапонска компанија, Science Co. сега создаде „модерна верзија“ на тој проект и се надева дека ќе може да го претстави на Expo саемот во Осака во 2025 година. За разлика од својот претходник, оваа када, ако може така да се нарече и машината за перење луѓе со погон на вештачка интелигенција (ако им се верува на промо материјалите), ветува нежно чистење со помош на технологија со меурчиња и бројни сензори.
Како што е наведено од Science Co., проектот Usoyaro треба да биде место за одмор по долгиот работен ден, каде што корисникот ќе се опушти, чисти и ужива во погледот на својата омилена серија.
Од компанијата објаснуваат како сензорите ја мерат реакцијата на телото за да ја изберат оптималната програма за перење за секој корисник.
Како точно треба да изгледа, прикажано е на видеото.