Откако корисниците почнаа да пријавуваат топење и запалување на RTX 4090 12VHPWR адаптерот, Nvidia ја презеде истрагата во свои раце.
Од Nvidia се уште нема официјални информации, но благодарение на дисекцијата на Nvidia 12VHPWR адаптерот, најверојатно е откриена главната причина за споменатите проблеми.
Едноставно, самиот конектор 12VHPWR би требало да е безбеден, но адаптерот што Nvidia го испорачува со новите RTX 4090 графички картички може да предизвика сериозни проблеми.
Во досегашните извештаи за запалување на графичките процесори RTX 4090, бил користен адаптерот 12VHPWR. Тимот од Igors Lab направи експеримент со расклопување на адаптерот на Nvidia и откри неколку проблеми во квалитетот на производството.
На пример, точките за лемење се слаби, додека мостовите се премногу тенки и двата елементи лесно може да се скршат кога кабелот е свиткан или заплетен. Извештајот заклучува дека најголемата причина зошто графичките картички RTX 4090 се топат е поради лошото производство на адаптерот, кој не е подготвен за пазарот.
Nvidia сè уште спроведува сопствена истрага за ова прашање, но доколку откриениот проблем се покаже како точен, се очекува овие адаптери да бидат заменети.