Неодамна ве запознавме со главните новитети на верзијата 107 на Chrome која се појави минатата недела. Со неа се задава и основата за справување со еден од најзначајните проблеми на веб-прелистувачот.
Станува збор за големата потрошувачка на системска меморија (RAM). Индикации за развој во оваа насока има и од програмерската верзија, а Chrome ќе добие нови алатки за „спиење“ на неактивните табови. Ова ќе ги ослободи системските ресурси за други апликации.
Претходно овој месец, програмер сподели на Reddit дека открил страница наречена Performance која се наоѓа во менито за поставки. Има опција за активирање на режимот Memory Saver и Energy Saver. Првиот ги става табовите што не се користат во режим на хибернација.
Неактивен таб повторно се активира кога пак ќе го посетите. Во овој случај, исто така се открива колку RAM меморија се доделиува на други задачи. Memory Saver може да се конфигурира и со листа на исклучоци во кои не треба да се користи.
Battery Saver ги исклучува функциите поврзани со високите стапки на освежување, вклучувајќи визуелни ефекти и ја ограничува активноста во заднина. На тој начин, ќе биде можно да се ограничи потрошувачката на енергија, што е важно кога работите во движење.
Сè уште нема информации кога овие новитети ќе пристигнат во стабилната верзија на прелистувачот.