Huawei минатиот месец го претстави Mate 50 Pro на глобалниот пазар, набрзо по неговото лансирање во Кина, што секако е добра вест за фановите на компанијата во овој дел од светот. Mate 50 Pro сега конечно се појави во продажба на стариот континент.
Huawei Mate 50 Pro е достапен во Европа по цена од 1199 евра за верзијата со 8GB работна меморија и 256GB простор за складирање. Оваа цена е за 100 евра пониска од онаа што ја најави Huawei на промоцијата. Станува збор за пред-нарачки, што е причина за пониската цена, а клиентите кои однапред ќе го нарачаат телефонот ќе ги добијат и Huawei FreeBuds Pro слушалките, кои во Европа чинат околу 180 евра. Телефоните ќе пристигнат кај клиентите од 10 ноември оваа година. Моделот со 512 GB простор за складирање се уште не е достапен за купување, но тоа би требало да се случи многу наскоро.
Предниот дел на Mate 50 Pro моделот е покриен со OLED екран од 6,74 инчи. Стапката на освежување на екранот е 120 Hz, а резолуцијата изнесува 2616 x 1212 пиксели. Поради американските санкции, екранот нема Gorilla Glass заштита, туку Kunlun.
Смартфонот го покренува Snapdragon 8+ Gen 1 чипот на Qualcomm. За жал, овој чип доаѓа со 4G, а не со 5G модем, како што е случајот со другите компании кои го претставија својот телефон со овој чип.
На задната страна, телефонот има сензор за главната камера од 50 MP, ултраширок сензор од 13 MP и телефото перископ камера од 64 MP. Однапред е сместена камера со ултраширок агол од 13 MP. Камерите пристигнуваат со новата XMAGE оптимизација на Huawei, која претставува замена за Leica, со која Huawei ја прекина соработката.