Минатата недела, vivo откри некои детали поврзани со камерата на својата претстојна флегшип серија смартфони – X90. Сега имаме повеќе информации, иако неофицијални.
Станува збор за присуство на главен сензор од 1-инч, а во моментов единствен таков е Sony IMX989. Покрај него, ќе се користи и ISV чипот vivo V2. Сензорот со телефото оптика ќе биде 64MP OmniVision OV64B (1/2”). Ќе биде достапен и сензор за портрет ефект од 50 MP, а се работи за Sony IMX758 (1/2,51”).
Меѓу другите спецификации на серијата, ќе видиме и поддршка за Dolby Vision технологијата при снимање, уредување и гледање содржини. Vivo би требало да ги претстави новите уреди во декември во Кина.
Останува да видиме какви ќе бидат разликите во камерите помеѓу трите очекувани модели – X90, X90 Pro и X90 Pro+.