Компанијата Google „тивко“ купи стартап кој работеше на создавање аватари за корисниците на социјалните мрежи и брендовите кои користат технологија за вештачка интелигенција.
Како што пишува TechCrunch, Google издвоил 100 милиони долари за купување на Alter пред два месеци. Компанијата не го објави тоа, но сега го потврди купувањето. Целта на купувањето на Alter е да се создаде поголема конкурентност на TikTok.
Алтер го почна својот живот како Facemoji, нудејќи платформа која другите програмери може да ја користат за да додадат систем за креирање аватари во своите апликации и игри. Ко-основачот на Alter, Џонатан Слимак, неодамна ја промени својата функција на LinkedIn и наведе дека „креира аватари во Google“. Како тимот и технологијата на Alter ќе му помогнат на Google подобро да се натпреварува со TikTok сè уште не е познато.
YouTube Shorts е „оружјето“ на Google за форматот на кратко видео и веќе доживеа успех. По лансирањето на глобално ниво во летото 2021 година, YouTube Shorts во месец јуни имаше 1,5 милијарди месечни активни корисници