На почетокот на овој месец, Google ја лансираше Pixel 7 серијата паметни телефони. Се работи за чистокрвни уреди на Google и Android, кои користaт голем број технологии направени од Google, како што е G2 процесорот кој е резултат на сопствен развој. Ова е и прв пат Google целосно да ја напушти употребата на 32-битни апликации и да премине исклучиво на користење на 64-битни, со што започнува нова ера.
Во неодамнешниот блог посветен на програмерите, Google го повтори тврдењето дека серијата Pixel 7 содржи чисти 64-битни телефони и ги објасни различните придобивки од користењето на 64-битен систем, како што намалување на меморискиот простор при лансирање на апликациите, подобрените перформанси и безбедноста.
Поточно, Google истакна дека со 64-битни апликации може да пристапи до ресурси што не ги поседуваат 32-битните апликации, така што перформансите на процесорот може да се подобрат за 25 проценти, додека ослободуваат 150 MB меморија. Без разлика дали се користи од апликациите или не, оваа меморија обично е окупирана на 32-битни системи.
Google наведе дека ќе ги охрабри програмерите да тестираат само 64-битни апликации и подобрувања, а програмерите веќе почнаа да ја тестираат компатибилноста на новите конфигурации.
Покрај самите апликации, клучна е и поддршката на процесорот за 64-битна работа. Чиповите на ARM процесорот ја напуштија 32-битната архитектура во изминатите неколку години. Претходно постоеше компатибилност со 32-битни системи на големи јадра како што е A710, но само до крајот на оваа година. Со доаѓањето на ерата на јадрата Cortex X3, Cortex A715 и A510 v2, 32-битната поддршка е ограничена исклучиво на штедливи јадра со мала моќност како што е A510 v2, додека јадрата со високи перформанси ќе работат целосно во 64-битен режим.
Извор: Google