Компанијата SpaceX ја лансираше Falcon Heavy, најголемата оперативна ракета во светот, првпат по лансирањето од 2019 година.
Ракетата е лансирана од Вселенскиот центар Кенеди на Флорида и во вселената понесе сателити на американската војска, кои се дел од тајната мисија USSF-44.
Ракетата не е користена по 2019 година за мисии на SpaceX, доволна е Falcon 9 која само оваа година изврши скоро 50 мисии.
Falcon Heavy моментално е најголемата оперативна ракета во светот, но наскоро ќе пристигне уште помоќната Space Launch System, односно SLS. Оваа ракета за првпат треба да полета во склоп на мисијата Артемис 1 на пат околу Месечината.
Falcon Heavy’s side boosters have landed – marking the 150th and 151st recovery of orbital class rockets pic.twitter.com/vK4ZdfDQtX
— SpaceX (@SpaceX) November 1, 2022