Наречен Games.con, најголемиот фестивал за гејминг и поп култура во регионот почнува на 25-ти овој месец во српската престолнина.
Доколку сакате игрици, серии, филмови и стрипови, дефинитивно треба да го посетите Белградскиот саем (Београдски сајам) на кој од 25 до 27 ноември ќе се одржи фестивалот Games.con.
Games.con е наменет за сите љубители на гејминг и поп културата, но и за сите оние кои сакаат да поиграат и добро да се забавуваат. Под паролата „levelovati se mora“ фестивалот веќе седма година по ред ќе ја собере на едно место комплетната индустрија на модерната забава. За време на трите дена, посетителите ги очекува гејминг, уметнички и натпреварувачки содржини, размрдување на мозокот и полно поклони.
Фановите на видео игриците ќе имаат шанса да дозната сѐ за новитетите во гејминг индустријата, да се пробаат во најновите игрици, но и да ги одмерат своите вештини на бројните е-спорт турнири. Игриците како „CS:GO“, „eFootball“, „FIFA“, „Brawl Stars“ и „Mortal Kombat“ се резервирани за оние со натпреварувачки дух, а победниците ги очекуваат вредни парични награди.
За сите уживатели на поп културата обезбедена е широка лепеза на најпопуларните манга стрипови, аниме и останати филмови, книги и серии од водечките светски франшизи, како и богата музичка програма.
Љубителите на технологијата ќе можат да уживаат во новитетите, а сите оние кои сакаат да играат ги очекува плејада друштвени игри и квизови, додека групите кои сакаат тимска забава ќе имаат шанса да се покажат во Escape room. Исто така, ќе се одржи и cosplay натпреварување, турнир во мечување и уште многу богати содржини.
Влезниците за Games.con може да се купат на самите благајни пред саемот. Еднодневната цена за билет изнесува 850 динари (445 денари), додека за тридневен билоет ќе треба да издвоите 1.500 од српската валута (783 денари).