Концепт телефонот на кинеската компанија Xiaomi користи Leica објектив на задната страна.
Компанија Xiaomi го претстави концепт телефонот кој дозволува прицврстување на Leica објектив од серијата M на неговата задна страна.
Овој концепт се заснова на телефонот Xiaomi 12S Ultra чиј систем содржи 1-инчен сензор кој е значително поголем од оние кои обично се користат во телефоните и повеќе е во склад со оние што можеме да ги најдеме во компактните дигитални камери. Сепак, новиот телефон поседува уште еден таков сензор на својата задна страна, исклучиво наменет за користење со помош на објектив.
Xiaomi објави видео во кое објаснува како функционира овој несекојдневен концепт. Кинескиот технолошки гигант веќе некое време соработува со компанијата Leica на зеднички развој на систем за камера, но во видеото се наведува дека преминувањето на објектив го претвора паметниот телефон во „професионален алат за фотографирање“ кој нуди предности како „автентично длабинско поле“ наместо софтверски функции зо заматена позадина, како што е Portrait режимот.
Нема сомнежи дека ова е навистина интересен концепт. Со цел да се надмине релативно скромниот хардвер, производителите на телефони направија огромен скок со прифаќањето на софтверски решенија за подобрување на квалитетот, поради што се смета дека наскоро ќе ги престигнат DSLR камерите по квалитетот на фотографиите. Токму поради тоа и се поставуваше прашањето какви резултати би произвел паметен телефон кој користи хардвер од професионална камера.
Нажалост, бидејќи е ова само концепт, Xiaomi нема во план да го пушти во продажба овој уред, а не е воопшто чудно оваа компанија да претстави интересно решение и потоа да остави засекогаш да остане само приказ на технолошките достигнувања, како на пример телефонот Mi Mix Alpha кој имаше екран намотан околу целиот уред.