Најдолгиот патнички воз на светот, составен од 100 вагони кои се протегаат на речиси два километри, минатиот викенд помина низ прекрасниот пејзаж на швајцарските Алпи.
По повод одбележувањето на 175-годишнината на швајцарските железници СББ, железничката компанија „Ретише Бан“ испиша историја во управување со долг воз на тесен колосек.
Имено, на 29 октомври годинава, воз составен од 100 вагони помина низ спектакуларниот пејсаж на швајцарските Алпи.
Иако постојат неколку подолги товарни возови, ова е најдолгиот воз кој досега превезувал патници и, според податоците на „Ретише Бан“, е неколку стотици метри подолг од белгискиот воз кој го собори овој рекорд во деведесеттите години на минатиот век.
Соборувањето на досегашниот светски рекорд успеа со поврзување на дури 25 четириделни возови.
„Ретише Бан“ соопшти дека најголемиот предизвик била координацијата на седумтемина машиновозачи, кои истовремено морале да забрзуваат и кочат за да го одржат возот тежок околу 3000 тони на шините.
Овој воз помина траса од 25 километри во Граубинден.