Huawei вчера претстави нов смартфон на преклопување од својата понуда, а се работи за Huawei Pocket S. Станува збор за подостапен флексибилен уред на компанијата, кој во споредба со оригиналниот P50 Pocket доаѓа со послаби камери и чип.
Huawei Pocket S има 6,9 инчен OLED екран со резолуција од 2790 x 1188 пиксели и стапка на освежување е 120 Hz. Селфи камерата е сместена во отворот во горниот дел од екранот и е всушност истиот сензор од 10,7 MP што го има и P50 Pocket. На задната страна на телефонот се наоѓа сензор за главната камера од 40 MP со RYYB f/1.8 отвор на бленда, а има и ултраширок сензор од 13 MP. Овие камери се наоѓаат во кружен модул на задниот дел од телефонот.
Над кружниот остров на кој се сместени камерите се наоѓа уште еден модул кој содржи 1,04-инчен OLED екран со резолуција од 340 x 340 пиксели. Нуди некои основни информации, како што се приказ на часовникот, времето итн.
Телефонот го покренува Qualcomm Snapdragon 778G чипсер, но во верзијата LTE. Во Кина, смартфонот работи на Harmony OS 3.0, што не е изненадување.
Во внатрешноста на Huawei Pocket S се наоѓа батерија од 4000 mAh со поддршка за брзо полнење од 40 W. Huawei ветува дека телефонот е тестиран за отворање/затворање 400.000 пати за да се обезбеди неговата издржливост.