Кинеската платформа за споделување видеа, TikTok потврди дека некои од вработените лица на компанијата во Кина имаат пристап до податоците на корисниците од Европската Унија, но и Велика Британија.
Од кинеската компанија велат дека политиката се однесува на „Европската економска област, Обединетото Кралство и Швајцарија“. Според известувањето, „политиката за приватност се заснова на потребата вработените да ја вршат својата работа“. Ова наиде на критики од властите ширум светот, поради загриженоста дека податоците од корисниците може да се пренесат на кинеската Влада. Американски официјален претставник побара и апликацијата да биде забранета во САД.
Одговорната за приватност на TikTok за Европа, Елејн Фокс истакна дека глобалниот тим помогнал корисничкото искуство да биде конзистентно, пријатно и безбедно.
– Иако TikTok во мигов ги складира податоците на европските корисници во САД и Сингапур, платформата сепак дозволува одредени вработени во корпоративната група кои се наоѓат во Бразил, Канада, Кина, Израел, Јапонија, Малезија, Филипини, Сингапур, Јужна Кореја и САД, имаат далечински пристап до европските кориснички податоци. Нашите напори се кон ограничување на бројот вработени кои имаат пристап до податоците на корисниците од Европа, минимизирање на протокот на податоци вон тоа подрачје и локално складирање на податоците на европските корисници, изјави Фокс.
Таа, исто така, рече дека „овој пристап е предмет на низа силни безбедносни контроли, протоколи и методи за одобрување“, признати според Општата регулатива за заштита на податоците.
Сепак, службеникот на Управата за заштита на податоците во САД, Брендан Кар претходно повика платформата да биде забранета во земјата. Апликацијата е под истрага и во Ирска.
И британскиот Парламент во август го затвори својот профил, и ставот е дека треба да остане затворен сѐ додека TokTok не даде „веродостојни гаранции“ дека Пекинг нема пристап до податоците.
TikTok е најбрзо растечка апликација за социјални медиуми во светот. Преземена е скоро 4 милијарди пати, а има вкупно над 6,2 милијарди долари бруто-приход, откако се појави 2017 година.