Криптовалутите се повеќе се наметнуваат во денешницата, па дел од аналитичарите сметаат дека во иднина ќе имаме целосно дигитални парчиници, кои ќе бидат со криптовалути.
Во поразвиените држави ваквото плаќање со криптовалути станува тренд во секојдневниот живот. Но истото тоа не може да се каже и за Македонија. Александар Тасевски, еден од основачите на асоцијацијата „2 д Мун“ (2 the Moon), вели дека во Македонија постои само едно место каде што физички може да се плати нешто со криптовалути, а тоа е криптоклубот „Криптохаус“. Таму, на пример, со биткоин може да се плати сок, кафе, пиво…, објави Блумберг Адриа.
„Се плаќа преку смартфон, користејќи ги таканаречените криптопаричници. И кога одите да платите, му го префрлате потребниот износ на продавачот, а тој веднаш ги добива парите“, објаснува Тасевски.