Се работи за ракета која беше лансирана на 31 октомври и го носеше третиот модул на кинеската вселенска станица.
Остатоците од кинеската ракета Long March 5B, кои неконтролирано паѓаа на Земјата и принудија неколку аеродроми да го затворат воздушниот простор и да ги прекинат летовите, паднаа во Тихиот Океан, соопшти Вселенската команда на американската армија.
Малку по 11 часот се појавија првите информации дека кинеската ракета е забележана како влегува во атмосферата над Мелбурн, што било во согласност со предвидената орбита за влез. Отприлика во тоа време, ракетата влезе над атмосферата на Јужниот Пацифик, според Вселенската команда на американската армија.
Да потсетиме, се работи за ракета која беше лансирана на 31 октомври и го носеше третиот модул на кинеската вселенска станица. Откако го испорача модулот до станицата, ракетата го започна своето неконтролирано повторно влегување во атмосферата на Земјата.
Ова не е првпат кинеските ракети да предизвикаат загриженост ширум светот поради нивното неконтролирано враќање. Истото се случи неколку пати претходно, што го поттикнало директорот на NASA јавно да ги повика кинеските власти да преземат одговорност и контролирано да ги спуштат ракетите.