Тешко е да се замисли дека гледањето во мали и големи екрани со часови секој ден нема никакво влијание врз изгледот на човечкото тело и текот на еволуцијата.
Обидувајќи се да визуелизираат како технологијата би можела да ги трансформира нашите тела во следните илјада години, научниците ја создадоа Минди – гротескен модел на жена од иднината што се карактеризира со грб, широк врат и прсти кои изгледаат како канџи за пишување пораки.
„Добивме научно истражување и експертско мислење на оваа тема пред да работиме со 3Д дизајнер за да создадеме иден човек чие тело физички се промени поради постојаното користење на паметни телефони, лаптопи и друга технологија“, ги пренесува Daily Mail зборовите на истражувачите кои го создадoa овој 3D модел.
Годините на зјапање во паметните телефони и компјутерските екрани може да резултираат со згрчена положба, а рацете трајно ќе бидат обликувани во канџи од постојаното држење на паметните телефони, тврдат тие.
Grotesque model 'Mindy' reveals what humans could look like in the year 3000 https://t.co/F35cGvCHYB
— Daily Mail Online (@MailOnline) November 3, 2022
„Начинот на кој ги држиме телефоните може да предизвика тензија во одредени контактни точки и синдром на кубитален тунел“, објаснува д-р Никола Ѓорѓевиќ од Med Alert Help. „Кога работите на компјутер или гледате во телефонот, мускулите на задниот дел од вратот треба да се собираат за да ви ја држат главата нагоре“, објаснува друг научник, К. Даниел Рив зошто моделот е екстремно згрбавен.
„Колку повеќе гледате надолу, толку потешко вашите мускули ќе работат за да ја држите главата горе. Овие мускули може претерано да се уморат и да болат од гледање во паметни телефони и таблети или од поминување на поголемиот дел од работниот ден на компјутери“, додава тој.