Се ближи празничната сезона на шопинг, а за неа се подготвува и Google. Компанијата подготвува наплив на онлајн нарачки кои ќе започнат многу наскоро, поради што објави многу корисна функција која доаѓа на Gmail.
Најновата функција која секако ќе им биде корисна на многумина е следењето на пакети. Оваа функција ќе пристигне во апликацијата за електронска пошта на Google – Gmail. Ова не е класично следење пакети што нуди линк до веб-страницата на компанијата што го доставува пакетот, туку се работи за директно следење на пакетот во вашето сандаче, без да мора да го правите тоа на друго место.
Американската компанија објави дека новата функција ќе биде достапна во наредните недели кај повеќето големи американски поштенски компании. Кога корисникот ќе направи нарачка, на врвот на сандачето ќе се појави прозорец со барање да за дозвола за следење.
Кога ќе се овозможите следењето, ќе може да се види проценетиот датум на пристигнување на пакетот веднаш под насловот на пораката во сандачето, а кога ќе се внесе електронската пораката, информациите за следење ќе бидат означени на врвот. Ќе се добиваат различни пораки, во зависност од статусот на пратката, како „нарачка креирана“, „пристигнува утре“, „испорачана денес“ итн. Затоа, станува збор само за најважните ставки поврзани со пристигнувањето на пратката, а не за секое поединечно дејство и место кое претходело на пристигнувањето на нарачката на крајната адреса.
Дополнително, Google објави дека во наредните месеци Gmail ќе покажува ознака за одложување за оние нарачки што доцнат.
Заклучокот е дека станува збор за прилично корисна опција која доаѓа на Gmail и корисниците ќе имаат можност да го проверат статусот на нивната нарачка во својот мејл без никаков дополнителен напор.