Минатата недела Xiaomi ја претстави Redmi Note 12 серијата во Кина, со чија продажба компанијата се пофали уште вчера. Еден од моделите од оваа серија е Redmi Note 12 Pro+. Најновиот извештај сугерира дека овој смартфон наскоро ќе дебитира и на светскиот пазар.
Redmi Note 12 Pro+ со број на модел 22101316UG доби американски FCC сертификат, што укажува на неговото птетстојно лансирање на глобалниот пазар. FCC открива дека уредот ќе се испорачува со MIUI 14, па може да се претпостави дека ќе се базира на Android 13.
Според друг извештај, истиот телефон ќе пристигне и во Индија, но со името Xiaomi 12i HyperCharge.
Кога станува збор за спецификациите на Redmi Note 12 Pro+ моделот, тој ги дели повеќето спецификации со Redmi Note 12 Pro и Redmi Note 12 Pro Explorer Edition. Најголемите разлики меѓу нив се во брзината на полнење.
Така, Redmi Note 12 Pro и Pro+ ги имаат истите батерии од 5000 mAh, додека 12 Pro Explorer Edition има малку помала батерија. Pro моделот има поддршка за брзо полнење од 67 W, Pro+ за 120 W, додека Pro Explorer Edition доаѓа со поддршка за брзо полнење од 210 W.
Сите три уреди имаат OLED екрани со FHD+ резолуција со стапка на освежување од 120 Hz. Во внатрешноста, сите три смартфони ги покренува неодамна претставениот чип Dimensity 1080.
Note 12 Pro+ има главен сензор од 50 MP со поддршка за OIS, а другите две камери се ултраширок сензор од 8 MP и сензор за длабочина од 2 MP. Однапред се наоѓа селфи камера од 16 MP. Смартфоните се испорачуваат со Android 12 и MIUI 13.