Twitter ќе го одложи почетокот на наплатата на сервисот за верификација на профилот во висина од 7,99 долари месечно.
„Оваа одлука е одложена, но ќе биде воведена по меѓуизборите избори во САД на 8 ноември“, објави „Њујорк тајмс“, пренесува Ројтерс.
Twitter во саботата објави дека лансира услуга за претплата од осум долари месечно, која вклучува добивање на синиот знак што досега го имаа верификуваните профили, бидејќи новиот сопственик Елон Маск почна со ремонт на системот за верификација на платформата.