Корејски научници развија проѕирен премаз за прозорци кој може да ги лади зградите без да користи енергија.
Поради растот на глобалните температури побарувачката за климатизациски разладни системи во зградите се зглемува. Како што е познато, клима уредите сега воопшто не се евтина опција, поради се повисоката цена на електричната енергија, но научници од корејскиот Универзитет Кјунг Хи во Сеул веруваат дека имаат решение за овој проблем.
Тие создаода проѕирен премаз за прозорци со неверојатни способности. Кај нормалните стаклени прозорци сончевото ултравиолетово и инфрацрвено зрачење може да помине и да предизвика загревање на просториите. За да го спречат тоа, научниците почнале да развиваат премаз за прозорци што ќе може да го блокира тоа зрачење.
Така настанал „проѕирниот радијациски фрижидер“, а се состои од тенки слоеви силициум диоксид, силициум нитрид, алиминиум оксид или титаниум диоксид на стаклена база, прекриени со слој од полидиметилоксан. Користејќи машинско учење, истражувачите на компјутер успеале да го оптимизираат видот, редоследот и комбинацијата од овие слоеви.
Истражувачите предвидуваат дека во многу топлите и суви градови, овој премаз за прозорци би ја намалил потрошувачката на енергија за ладење за околу 31 отсто. Тие нагласуваат дека премазот не е ограничен само на прозорците на зградите, туку може да се постави и на прозорците на автомобилите и камионите за да се намали потрошувачката на горивото за ладење. Со оглед на тоа дека премазот е проѕирен, ништо нема да му попречува на возачот при возењето.
Истражувањето објавено во списанието ACS Publications може да се пронајде на следниот ЛИНК.