Осум битната хармоника Commordion е составена од стари компјутерски делови и може да се свири како вистински инструмент, со таа разлика што добиениот звук излегува само преку аудио приклучокот
Шведскиот софтверски инженер Линус Акесон веќе долго време води блог, играјќи си со разни технички направи и музички инструменти, кои ги „хакира“ за да создаде некои нови, креативни уреди. Неговото најново дело воодушеви многумина на YouTube, па затоа неговото последно видео е убедливо најгледано досега. Како да не биде, кога Акесон очигледно се надминал себеси создавајќи хармоника од два компјутера Commodore 64, флопи дискови и селотејп.
Креативниот Швеѓанец веќе свиреше на Commodore и претходно, креираше слични инструменти, се со цел да го искористи знаењето и искуството за својот последен проект. Долгиот труд очигледно се исплатеше, бидејќи сега ја имаме првата функционална дигитална хармоника во светот која свири, а е направена од ретро компјутерски хардвер.
Commodordion
Името на овој изум е Commodordion (комбинација на зборовите Commodore и хармоника). Според тоа, во основата на се два функционални Commodore 64 компјутери, кои служат како мелодија и бас секции. Тие се оптоварени со специјален софтвер за свирење акорди и претходно снимени тонови. Со притискање на копчињата на тастатурата, кои ја заменуваат тастатурата на хармоника, се менува „регистерот“, односно музичарот може да одреди што ќе свири кој од компјутерите, а потоа со останатите копчиња може и да се засвири.
За да работи уредот исто како вистинска хармоника, а не обична тастатура, одговорен е мевот. Него Акесон го изработи од најголемите, древни 8-инчни флопи дискови и ги врза со леплива лента. Воздухот тече низ нив кога хармониката се собира и се шири. На едниот крај има отвор низ кој струи овој воздух, покрај отворот е сместен микрофон кој го снима ова струење и на тој начин се добива информација за потребната јачина на звукот. Неа софтверот ја зема од микрофонот за да ги репродуцира тоновите токму онака како што тоа го сака свирачот.
Звукот добиен од двата компјутера се комбинира, поминува низ DAC и се испраќа до аналогниот аудио излезен приклучок. Сите детали за овој необичен инструмент можете да ги прочитате на блогот на авторот или да го погледнете во неговото видео, каде исто така можете да уживате и во 8-битната мелодија на хармоника што ја засвире како пример.