Брајан Чески преку Twitter објави дека од следниот месец на услугата Airbnb ќе биде достапно транспарентно пребарување на сместувачки единици според вкупната цена, односно без скриени давачки за, на пример, чистење.
Airbnb се занимава со прашањето за транспарентност на надоместоците, за чистење, од мај 2021 година, кога вети дека ќе спроведат „сеопфатен преглед“ на надоместоците до 15 декември 2021 година, додека Wall Street Journal ја истражува причината за речиси едногодишното доцнење во транспарентноста на надоместоците.
Можноста за транспарентно одредување на цените треба да пристигне некаде во декември, заедно со новите алатки за цени и попуст за домаќините за да се овозможат поконкурентни цени, пишува The Verge.
Според овој филтер, на гостите треба да им се прикаже вкупниот трошок за нивниот престој пред оданочувањето, што ќе ги вклучува дополнителните задолжителни такси како што се таксите за чистење.
Досега овие такси беа прикажани посебно од цената на ноќевање, што на гостите им даваше погрешни информации за вкупните трошоци на престојот, односно сместувањето изгледаше подостапно отколку што всушност е.
I’ve heard you loud and clear—you feel like prices aren’t transparent and checkout tasks are a pain. That’s why we’re making 4 changes:
1. Starting next month, you’ll be able to see the total price you're paying up front. pic.twitter.com/58zodrzU3g
— Brian Chesky (@bchesky) November 7, 2022