Популарниот софтвер за видео-конференции најави дека наскоро ќе воведе поддршка за автомобилите на Tesla, па нивните „повици“ би можеле да се поврзат директно преку вградениот дисплеј на Tesla.
Апликацијата за одржување состаноци на далечина, Zoom, којa стана исклучително популарна за време на пандемијата, го одржа својот настан Zoomtopia 2022, на кој беа нагласени новитетите во нивната понуда. Од компанијата најавија дека нивната апликација ќе вклучува календар и е-пошта, виртуелни простори за состаноци, асистент покренуван од вештачка интелигенција и уште неколку мали додатоци поврзани со полесно одржување на видео конференции.
Tesla како виртуелна канцеларија
Но, најинтересната објава од овој настан се однесува на целосно нова платформа на која Zoom, по компјутерите и мобилните уреди, треба да ги донесе своите услуги – infotainment системи во автомобилите. Најавено е дека новите Tesla автомобили со традиционално голем централен екран и моќен компјутер, ќе добијат поддршка за Zoom повици.
Слична работа беше спомената и претходно во Tesla, па се чини дека работата е решена. Според наводите од Zoom, новите Tesla модели наскоро ќе пристигнат со поддршка за Zoom видео повици. Повеќе официјални детали не се објавени, но прикажано е кратко демо видео. Во него може да се види дека лицето на „Zoom call” може да се поврзе директно преку централниот екран во кабината на Tesla, но тоа го прави додека Tesla е приклучена на полнач.