Конкурентот на Google Photos нуди слично решение за сигурносно копирање на фотографии и видеа. По редизајнот на iOS во ноември 2021 година, сега новиот изглед конечно пристигнува и на Android.
Редизајнот ја нагласува видливоста, со лента на дното што нуди брз пристап до пребарувањето и филтри што го олеснуваат пронаоѓањето фотографии на одредена личност во рамките на одредена временска рамка.
Во горниот лев агол, лебдечкото копче со икона на Amazon обезбедува пристап до поставките. Таму е можно е да се вклучи и исклучи автоматското зачувување, да се пристапи до поставките за известување и препознавање слики и да се види колку простор за складирање е искористен. Во горниот десен агол има копче на „хартиено авионче“ што овозможува брзо споделување фотографии со пријателите и семејството, пренесува The Verge.
„Почувствувајте ги спомените во слободно време и пронајдете го она што ви треба веднаш. Ажурираното филтрирање фотографии ви овозможува лоцирање фотографии според луѓе, места, датуми и повеќе, додека новиот интерфејс ви овозможува поедноставен пристап до вашата колекција на фотографии и информации за профилот“, наведe Amazon при претставувањето на оваа надградба за iOS верзијата на апликацијата во средината на ноември минатата година, пренесува 9to5Google.
За сите членови на Amazon Prime е вклучено е неограниченото складирање фотографии со целосна резолуција. Во случај да сакате да зачувате и видеа, треба да се претплатите на плановите што почнуваат со 100 GB дополнителен простор.