Европската вселенска агенција ESA преку проектот Соларис истражува иновативни можности за технологија со кои соларната вселенска енергија може да се примени во пракса, односно безжично да се пренесе на кое и да е подрачје на Земјата.
Еден таков метод е демонстриран во Минхен, во објектот на Airbus.
Стручњаците по пат на микробраново емитирање префрлија таканаречена зелена енергија меѓу две точки оддалечени 36 метри кои ги претставуваа вселената и Земјата.
Со помош на примената енергија одветлија модел на град, произведоа зелен водород со раздвојување на водата и прв пат безжично изладија безалкохолно пиво.