Засладените газирани пијалаци, сендвичите, виршлите, хамбургерите го скратуваат животниот век на човекот, додека овошјето, зеленчукот без скроб и мешаниот зеленчук, како и целите житарици се поврзани со продолжување на животот.
Ова било заклучено врз основа на индексот за исхрана кој го создадоа американски истражувачи со цел луѓето да се информираат за штетноста на поедини намирници.
Во индексот на исхрана се вклучени над 5 илјади намирници кои се наоѓаат на менито на Американците, а биле подредени според влијанието по здравјето на човекот.
Истражувачите откриле дека консумирањето на една порција пилешки крилца од 85 грама одзема 3,3 минути од животот, додека една порција хот-дог животот го скратува за дури 36 минути. Тоа е „главно поради штетното преработено месо“, напишаа авторите на студијата.
Од друга страна, храната како кикиритки, лосос и ориз го продолжува животниот век за 10 до 15 минути.